Радио Кочани
Кочани

Шкупи и Тиквеш заедно во чест на Андреј Лазаров…

172

Фудбалерите на Шкупи во претпоследното коло од сезоната на ПМФЛ го дочекаа Тиквеш на „Чаир“. Ова е прв меѓусебен натпревар на овие две екипи откако се случи големата трагедија со пожарот во дискотеката во Кочани во која животот го загубија преку 60 лица.

Една од жртвите беше и Андреј Лазаров, фудбалер кој последно настапуваше за екипата на Шкупи, а во минатото беше дел и од Тиквеш. Поради тоа двата тима постхумно му оддадоа почит повлекувајќи ги броевите кои играчот ги носеше.

Сега во пресрет на натпреварот играчите на двата тима се фотографираа заедно, а играчите на Шкупи носеа и маички посветени на Лазаров.

gol.mk

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio