Радио Кочани
Кочани

Безбедноста на прво место – трибина за законските обврски за управување велосипеди и мотоцикли

319

На темата Безбедноста на прво место, во Спортската сала „Сашо Лазарев-Чапо“ во Кочани, се одржа трибина посветена на учесниците во сообраќај со велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли, лесни четирицикли и четирицикли.

Општина Кочани, МВР ОВР Кочани ПО за БПС Кочани и ОСБСП Кочани, со поддршка од ИПА – Интернационалната полициска асоцијација и со Центарот за социјални работи Кочани трибината ја наменија за родителите и за учениците од средните училишта и учениците од деветтите одделенија од основните училишта во Кочани, со цел да се зголеми безбедноста на децата и на младинците како учесници во сообраќајот.

На трибината беа претставени законските обврски за управување велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли, лесни четирицикли и четирицикли, се  дискутираше за кршењето на постојните правила и прописи и последиците по здравјето и животите на учесниците во сообраќајот.

На трибината беше забележано незадоволително присуството на родителите и на младите возачи на мопеди и мотоцикли.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio