Радио Кочани
Кочани

Општата болница – Кочани доби донација – хипербарна комора наменета за рехабилитација на повредените во „Пулс“

1,476
Општата болница со проширена дејност – Кочани доби хипербарна комора.
ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кочани изразува огромна благодарност за донацијата на хипербарна комора за потребите на медицинската рехабилитација.
Повреденото ткиво бара повеќе кислород за да преживее, а кислородот кој се носи преку респираторниот систем не може да влезе во ткиво кое е воспалено или трауматизирано(жива рана), така што хипербаричната кислородна терапија преку концентрираниот кислород под зголемен притисок (во самата хипербарна капсула) овозможува кислородот преку кожата да навлегува во ткивото, а од друга страна преку зголемениот притисок во кој се самите пациенти, овозможува чистиот кислород да навлегува поинтензивно во крвта и на тој начин комплетно да ја менува концентрацијата на кислород во телото. Еден час во хипербарична комора заменува 7-10 дена престој на планина на височина од 1500 до 2000 метри.
Денес при надзор од стручни лица е користена хипербарната комора на Ана Вучева.
Оваа донација е од Викторија Механџиска заедно во соработка со Фондацијата “Др. Верица Механџиска”, дечките од Support Kocani и аптеките Зегин. Сакаме бескрајно да им се заблагодариме на веќе споменатите и со гордост да ве известиме дека ова е втора комора во нашата држава која е на располагање во државните институции. За во иднина се договорени и други донации за кои ќе бидете известени.
Уште еднаш изразуваме огромна благодарност за оваа донација на хипербарна комора, се вели во писменото соопштение од болницата.
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio