Радио Кочани
Кочани

Општински натпревар по прва помош 2025

269
Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Кочани денеска во Паркот на револуцијата во Кочани го спроведе Општинскиот натпревар на екипите по прва помош 2025 год.
На натпреварот настапија 10 екипи во категориите младинци и подмладок од основните и средни училишта и во категоријата дисеминација.
Натпреварувачите се натпреваруваа на кружна патека, на пунктови за укажување на прва помош на симулирани случаи на повреди, пункт за дисеминација и пунктови со забавни содржини.
Првото место во категоријата младина и припадна на екипата од СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани, додека во категоријата подмладок првото место и припадна на екипата од ООУ „Кирил и Методиј“- Кочани.
Најдобро познавање на организацијата на Црвен крст и нејзиното работење прикажа екипата од СОУ „Синиша Стоилов“ кои го освоија првото место во категоријата дисеминација.
Победничката екипа од категоријата младина, екипата на СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани ќе ја претставува Општинската организација на Црвен крст – Кочани на Регионалниот наптревар на екипи по прва помош во месец мај во Гевгелија.
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio