Радио Кочани
Кочани

ФФМ ја казни Шкендија за скандалозното навивање при минута молк за Кочани

275

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ѝ изрече казна на Шкендија за недолично однесување на нејзините навивачи за време на минута молк пред почетокот на мечот со ФК Брера кога некои присутни гледачи недолично скандираа и викаа во тие моменти.

Шкендија е казнета со пет домашни натпревари без гледачи како и со парична казна од 5.000 евра поради лоша организација на натпреварот.

Драстично е казнет и делегатот Гоце Шоповски од Струга кој се суспендира на шест месеци каква било функција во фудбалот поради непочитување на пропишаните организациски протоколи. Делегатот, според ФФМ не презел потребни дејствија во врска со однесувањето на навивачите и според протоколите кои предвидуваат празнење на трибините, не постапил.

 

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio