Радио Кочани
Кочани

Карате клубот од Кочани во нови простории

146

Каратистите на карате клубот „Кочани“ добија нова просторија каде веќе ги извршуваат тренинзите.

На свеченото отворање беше осветена новата сала која е опремена со сите услови за тренинг на една ваква боречка дисциплина, а тренинг центарот се наоѓа во близина на наплатниот пункт на ЕВН. Младите каратисти ги изучуваат карате вештините со долгогодишниот тренер, Игор Каров.

-Во оваа просторија ќе работиме многу подобро, а се надеваме дека и тоа што ќе го постигнеме овде, ќе го реализираме на терените. Исто така, во тек е и уписниот рок, а имаме најава и за нови 15 членови. Оваа сала ќе може да собере поголем број членови, а ќе работиме од понеделник до петок. Моите каратисти ги е подготвуувам и за настап на Државното првенство во карате „Куп на Македонија“ што ќе се одржи на 31 август во Охрид, истакна Игор Каров, тренер во Карате Кклубот „Кочани“.

Поводот за отвоарање на новата просторија претставуваше 25 годишното успешно работење,а бројот на членови моментало изнесува 25, со тенденција да се зголеми со уписниот рок кој веќе е во тек. Инаку главната задача на секој традиционален Карате стил е да “ произведе “ една комплетно психофизички здрава личност која ќе биде општо корисна за целата околина во која живее и работи…

Д.Михајлов

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе