Радио Кочани
Кочани

Во село Јастребник православните христијани од Кочани и околината го чествуваа големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица ✝️💒🙏

1,973

На 950 метри надморска височина, на јужните падини на Осоговските Планини во селото Јастребник, во манастирот Успение на Пресвета Богородица православните христијани од Кочани и околните места го чествуваа празникот.

Традиционално со македонска изворна музика , погача, манастирски ориз, гравче и риба на заеднички ручек со по некоја домашна ракија за здравје посетителите го прославија празникот кај народот попознат како Голема Богородица.

Освен празникот Успение на Пресвета Богородица во селото ги прослававуваат и празниците Свети Илија и Свети Ѓорѓи победоносец.

Инаку, Јастребник го сочинуваат девет маала, а според последниот попис во 2021 година таму има само единаесет жители.

Д.Михајлов

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе