Радио Кочани
Кочани

Започна 11. издание на турнирот во мал фудбал – Илинденски спортски игри во Зрновци

375

Попладнево на повеќенаменското спортско игралиште „Васе Ангелов“ во Зрновци започна 11. издание на турнирот во мал фудбал во рамки на Илинденските спортски игри. Честа да го отворат спортскиот настан годинава и припадна на екипите на „Амфенол“ и „Тркање“, а веднаш по нив се одигра и дуелот помеѓу екипите  „Дамјан“ и „Ружи“.

-За овогоднинешното 11. издание имаме пријавено шест екипи, имајќи во предвид дека во повеќе општини од регионот имаат организирано вакви турнири, но сепак сме задоволни од бројот на пријавениете екипи. Општина Зрновци обезбеди финансиски средства за прво, второ и трето освоено место, како и дипломи, пехари и медали за сите учесници. Финалето ќе се одигра на 31 јули, изајави за Радио Кочани, Борчо Коцев, градоначалник на општина Зрновци.

Наградниот фонд за првопласираната екипа е 30.000, за вторта 20.000 и за третата екипа обезбеденена е паричана нагрда во висина од 10.000 денари. Спортскиот настан го организира Локалната самуправа и Локалниот младински совет на Зрновци.

Д.Михајлов

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе