Радио Кочани
Кочани

Јулска крводарителска акција – Собрани 37 крвни единици…

141
Во организација на Црвен крст – Општинска организација Кочани, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Штип, денеска во просториите на Црвениот крст се одржа редовна јулска крводарителска акција наменета за граѓанството.
На акцијата крв даруваа 37 крводарители од нив 3 првократени дарител и 11 лица до 30 годишна возраст.
– Акцијта е 11-та по ред што годинава ја спроведува Црвен крст – Кочани и седма во просториите на општинскиот Црвен крст. Ја користиме приликата да се заблагодариме на сите крводарители кои денеска даруваа крв. Воедно, ги повикуваме да се приклучат кон акциите кои се спроведуваат секој последен четврток во месецот во Црвен крст Кочани или секој понеделник и четврток во просториите на Службата за трансфузиона медицина – Кочани, истакнаа од Црвен крст Кочани.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе