Радио Кочани
Кочани

Петровденска литија во Кочани

1,044

По повод празникот на Кочани, Петровден синоќа во црквата „Св. великомаченик Георгиј“ се одржа вечерна празнична богослужба на која чиноначалствува митрополитот Брегалнички г. Иларион.

По службата беше организирана литија и  осветување и кршење на празничниот колач во Градскиот парк, каде свештениците и верниците упатија молитви за здравје и благосостојба.

– На градоначалникот и на сите луѓе во Кочани им го честитам празникот на светите апостоли Петар и Павле, посакувајќи да ве чуваат и понатаму да ви даруваат душевно и телесно здравје, да се молат на Бога и за градот Кочани и целата вселена, испросувајќи мир и благосостојба. Православието и единството да се зацврсти и да престанат сите поделби, недоразбирања и војни во светот. Нека е честит, вечен и благословен празникот – рече во своето обраќање пред присутните митрополитот Брегалнички господин Иларион.

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе