Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари по повод верскиот празник Ѓурѓовден и оваа година ќе го одржи традиционалниот Меѓународен Фолклорен фестивал „Традиционални Ѓурѓовденски обичаи, песни и ора“.
По тој повод гостите претставници на фолклорни ансамбли од Црна Гора, Босна и Херцеговина и Србија денеска имаа прием кај градоначалникот Љупчо Папазов.
Активностите во склоп на фестивалот продолжуваат утре од 17:30 часот со дефиле на сите учесници на фестивалот низ улиците во Оризари, а во 18:00 часот ќе се одржи фолклорен концерт во дворот на Домот на културата во Оризари и дегустација на традиционални јадења.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Претходна објава
Може ќе ви се допадне