Радио Кочани
Кочани

Промоција на книгата “Патување низ телото”

400

На 09 Мај Четврток во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“-Кочани се одржа промоција на книгата „Патување низ телото“ чиј автор е Борче Јаневски.

Патување низ телото претставува прирачник за примена на терапевтски методи базирани на Традиционалната кинеска медицина.Делото дава приказ на компактен систем на алтернативни терапевтски средства,методи и техники,прикажани на уникатен и разбирлив начин онака како што авторот ги разбрал и доживеал низ своето патување во запознавање на функцијата на своето тело.

Пред присутната публика свое лично излагање имаше и самиот автор Борче Јаневски ,рецензентот на книгата а воедно и промотор на промоцијата на книгата проф.др.Тоше Крстев и како модератор Марина Глигорова.

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе