Радио Кочани
Кочани

Златен медал за Кочанчанецот Кирил Ампов и неговата Дијана 6 на меѓународниот собир на олдтајмери во Србија

6,891

Изминатиот викенд во Врање соседна Србија во организација на Олдтајмер клубот Врање се одржа меѓународниот собир на олдтајмери ​​наречен „С мерак у чаршију“.

Кочанчанецот Кирил Ампов со својата Дијана 6 произведена 1979 година  го импресионираше жирито што резултираше со златен медал.

 

 –во 2018 година започнав  со  потрага, по добра и зачувана  Дијана. Тоа и се случи. Купив една од 1979 година       и ја реставрирав до последно штрафче и со неа успеав за овие 2 години да изминам над 15.000 километри.

 Топлина околу срцето ме обвива кога ќе видам дека мојата ќерка и сопруга, уживаат кога патуваме заедно со   Дијаната – изјави Ампов.

  -Во  Саботата тргнавме од Кочани на пат долг 160 километри  преку граничниот премин Пелинце, а таму кога пристигнавме  

не пречекаа пријатни луѓе полни со позитивна енергија, ентузијазам и љубов кон олдтајмерите.

Изјави за Радио Кочани кочанскиот олдтајмер фанатик Ампов.

На настанот сопствениците на олдтајмерите продефилираа низ улиците на градот, а потоа на шеталиштето во строгиот центар беше организирана и изложбата на олдтајмери. Оваа изложба ги собра сите љубители на стари автомобили, кои со задоволство уживаа во глетката на над 70 стари автомобили од цела Србија, Македонија и Бугарија.

Д.Михајлов

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе