Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Почитувани,
Деновиве започнува имунизација за сезонски грип.
Вакцинацијата против сезонскиот грип е најефикасна мерка за превенција на грипот, бидејќи ја спречува појавата на потешки форми, компликации и смртен исход, особено кај ризичната група граѓани.
Бесплатната вакцинација против сезонски грип е незадолжителна и е наменета за следните ризични групи:
стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години.
Со пополнување во веб порталот, директно се регистрирате за вакцинација во системот – Мој Термин.
Согласно распоредот предвиден во Планот за вакцинација, по пат на смс порака, добивате информација за точниот датум и време кога треба да се вакцинирате на пунктот кој го избирате при самата регистрација.
За потребите на граѓаните кои не се во овие субвенционирани групи, ЦЈЗ Кочани обезбеди одредена количина на комерцијални вакцини кои можат да ги добијат приватно, по цена од 800 денари во Центарот за јавно здравје – Кочани, како и во пунктовите на Центарот во Виница, Берово, Пехчево и Делчево.
Вакцините се најефикасното средство за имунизација.
Заштите го Вашето здравје, вакцинирајте се.
ЦЈЗ Кочани
Може ќе ви се допадне