Радио Кочани
Кочани

На денешната седница во Пехчево за нов претседател на Источно – планскиот регион едногласно е избран Борчо Коцев

756

Денеска во општина Пехчево се одржа 18-тата редовна седница на советот за развој на Источниот плански регион. За нов претседател на советот едногласно беше избран градоначалникот на општина Зрновци – Борчо Коцев.

Источниот плански регион опфаќа единаесет општини од истокот на Македонија со вкупна територија од 3537 квадратни километри со околу 182.000 жители.
Советот е тело за усогласување и спроведување на политиката за развој на планскиот регион и е еден од носителите на политиката за поттикнување рамномерен регионален развој.

Помеѓу повеќето надлежности на советот на Источно – плански регион за основни се сметаат: организирање и координирање на активности за следење и оценување на планските документи за регионален развој, донесување на програма за развој на планскиот совет по претходна согласност од советот за рамномерен регионален развој. Исто така, изготвување годишен акционен план за спроведување на програмата, утврдување листа на проекти за развој на планскиот регион, утврдување листа на проекти за развој и доставување предлози до министерство за локална самоуправа за идентификување на подрачја со специфични развојни потреби. Главната цел е реализација на проекти со рамномерен развој во сите општини, развивање на општините и подобрување на условите во животните средини, согласно барањата на граѓаните во Источно-планскиот регион.

Упорноста и несебичното залагање секогаш доведува до напредок и позитивни резултати. Честитки на изборот за нов претседател на советот за развој на Источно – планскиот регион на градоначалникот на општина Зрновци – Борчо Коцев.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе