Радио Кочани
Кочани

Вечерва уживајте и насмејте се од срце. Во НУЦК “Бели мугри” – Кочани гостува повеќепати наградуваниот театар „Провокација“ со претставата „Разведи ме“

396
Дали неверството мора да се запечати со РАЗВОД? Дали простувањето на неверството е вистинскиот чекор, со кој ќе го спасиме бракот и љубовта во која сме вложувале со години? Дали после неверството сме засекогааш емотивно оштетени луѓе, кои никогаш повеќе нема да умеат искрено да сакаат и да веруваат. Дали вреди да се продолжи бракот, заради децата? Дали љубовта кон себеси го намалува интензитетот на сакањето на партнерот? Каде е границата? Како можеме да го процениме квалитетот на врската/бракот? Дали љубовта е „прекинувачот“ за нашата среќа?

Овие скокотливи теми ќе бидат експлицитно отворени и дефинитивно ќе ве стават во ситуација да ги преиспитате воспоставените општествено-морални вредности. Ќе ве натераат да ги согледате нијансите во сопствената врска, мотивирајќи ве да ја засилите нијансата на црвената – љубовта.

РЕЖИЈАТА, СЦЕНОГРАФИЈАТА, ИЗБОРОТ НА КОСТИМИ и ДРАМАТИЗАЦИЈАТА се потпишани од Роберт Ристов.

Драматизацијата е работена по инспирација од урбаните сценарија:„Развод“, „Заедништво“, „Храна и љубов“ и „Брачна приказна“.

ИГРААТ:
Мирјана Поповска Ристов и Роберт Ристов.
Во снимените видеа играат актерите: Зорица П. Панчиќ (како Марта), Љубиша Савановиќ/гостин од БиХ (љубовникот) и Благоја Чоревски -Чоре (таткото).
КОРЕОГРАФИЈА: Марија Бејкова
НАГРАДИ:
„РАЗВЕДИ МЕ“ е добитник на наградата GRAND PRIX на „Фестивалот на дуо драмата” во Топола – Србија 2022 год.

ФЕСТИВАЛИ и ГОСТУВАЊА:
Претставата гостуваше и низ регионот и тоа во: Хрватско Народно Казалиште- Вараждин, (како дел од официалната програма на фестивалот „Тједан Смијеха на „Театар Керекеш“), „Театар САРТР“- Сараево, „Градско позориште Јазовац“- Бања Лука, „Културни центар“ – Шид, „Театар 78“ – Белград и „Позориште Младих“- Нови Сад, АРТ ТРЕМА ФЕСТ- Рума, Р.Србија, Шабачко позриште, Шабац- Р.Србија и др.
© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе