Радио Кочани
Кочани

Одржана Јавната расправа за Нацрт Буџетот на Општина Кочани за 2023 година

366

Синоќа, во Мултикултурниот центар во Кочани, со почеток во 19 часот се одржа Јавната расправа за нацрт-буџетот на Општина Кочани за 2023 година, со цел да овозможи што поголема вклученост на граѓаните во креирањето на Буџетот за идната година.

Присутните граѓани даваа предлози од јавен интерес поврзани со надлежностите на Локалната самоуправа: урбанистичко планирање, уредување на просторот и уредување на градежното земјиште; заштита на животната средина и природата; локален економски развој; комунални дејности; култура; спорт и рекреација; социјална заштита и заштита на децата; образование; здравствена заштита; противпожарна заштита и други работи определени со закон.

Граѓаните своите предлози можат да ги достават и во електронска форма на е-адресата: [email protected] (со назнака: за јавен повик за предлог-проекти за развојни програми од делот на инфраструктурата, комунални работи, урбанистичко планирање и сл), или преку Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани најдоцна до 18-ти октомври 2022 година, додека за предлози од областа на спортот, културата, социјалната заштита и сл. најдоцна до 20-ти ноември 2022 година.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе