Радио Кочани
Кочани

Започна природниот третман на Градска депонија во Кочани

48

Попладнево, економскиот оператор избран на тендер, „ЕМ Агрицом“ од Неготино, го започна третманот со алги и микроогранизами на Градската депонија во Кочани.

Природниот третман на ѓубриштето се спроведува петти ден од почетокот на механичките работи на општествено одговорната компанија „Бехтел и Енка“, кои Градската депонија во Кочани ја израмнија, ги исчистија постојните пристапни патишта и пробија нови за дотур на следните количини од комуналниот отпад. Изгледот на депонијата е променет и таа е целосно подготвена за примена на природниот третман со алги и микроорганизми.

Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов информира дека Општина Кочани постапи според барањата на граѓанските здруженија коишто го блокираат патот кон Градската депонија, истакнувајќи дека се создадени сите услови за исполнување и на заклучоците од последната седница на Советот на Општина Кочани.

Со писмен допис до Општина Кочани, Здружението „Грин.орг“ ја извести Општина Кочани дека нивните активисти ја напуштаат блокадата и дека ќе побараат измени во одлуките на Владата за депонирање на отпадот од другите општини на Градската депонија во Кочани.

Општина Кочани упати писмено известување  со заклучоците од вчерашната средба на градоначалниците на општините Кочани, Виница и Зрновци до Министерството за животна средина и други надлежни институции, со цел итно да се одговори на потребите за нормално функционирање на депонија од Кочани.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio