Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
По едногодишна пауза, Иселеничката средба во селото Видовиште, Општина Зрновци, повторно ќе ги собере иселениците, мештаните и гостите од земјава и странство.
Третото издание на манифестацијата ќе се одржи на 8 август, на месноста „Магила“, со почеток во 20 часот.
Главна музичка ѕвезда на вечерта ќе биде Јордан Митев, кој настапи и на првото издание на манифестацијата во 2023 година, кога започна оваа иницијатива.
Во 2024 година, публиката ја забавуваше Влатко Миладиновски.
Минатата година манифестацијата не се одржа поради трагедијата во Кочани, поради што годинашното издание претставува продолжување на традицијата што започна пред три години.
Иселеничката средба ќе се одржи на верскиот празник Света Петка, а организаторите ги покануваат сите иселеници, жители и посетители да бидат дел од вечерта исполнета со музика, дружење и негување на врските со родниот крај.

