Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Грдовјанец управувал со 1,79 промили, полицијата го привела во Штип
На 28.07.2026 во 00:55 часот на ул.„Сремски фронт“ во Штип, полициски службеници го лишија од слобода Д.Т.(47) од с.Грдовци, кочанско.
При контрола во сообраќајот било сопрнео патничко возило „опел“ со кочански регистгарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,79 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
