Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Министерството за внатрешни работи ги заврши сите формално-правни и технички подготовки за спроведување на законските измени со кои се овозможува управување на мотоцикл до 125 кубни сантиметри.
Од денеска, граѓаните ќе можат да посетуваат обука во автошколи кои поседуваат лиценца за категоријата „А1“.
Обуката трае четири часа и опфаќа теми поврзани со безбедното управување, користење заштитна опрема, контрола на мотоциклот и справување со ризици во сообраќајот.
За добивање потврда, кандидатите треба да приложат лекарско уверение и доказ дека немаат забрана за управување со возило од категорија „Б“.
Од МВР потсетуваат дека евентуална забрана за „Б“ категорија автоматски важи и за управување со мотоцикл до 125 кубни сантиметри.
Правото се однесува на лица постари од 23 години кои најмалку пет години поседуваат важечка возачка дозвола од категорија „Б“.
Без завршена обука и издадена потврда, управувањето со ваков мотоцикл не е дозволено.
