Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
По повод Месецот на катарактата, Промедика Офталмологија во соработка со Здружението на пензионери – Кочани организира бесплатни очни скрининзи за граѓаните.
Настанот ќе се одржи во просториите на Здружението на пензионери – Кочани, каде тимот на Промедика Офталмологија ќе спроведува скрининг прегледи за рано откривање на катаракта (перде), една од најчестите причини за намален вид кај повозрасната популација.
Покрај скринингот за катаракта, на посетителите ќе им биде овозможено и бесплатно мерење на очниот притисок, што е од големо значење за навремено откривање на глауком и други очни заболувања.
На бесплатните скрининзи се добредојдени сите членови на пензионерското друштво, како и сите заинтересирани граѓани кои сакаат да го проверат здравјето на своите очи.
Локација: Здружение на пензионери – Кочани
Време: 09:00 – 13:00 часот, 18.06.2026 година (четврток)
Преку ваквите активности, Промедика Офталмологија продолжува да придонесува кон подигнување на свеста за важноста на редовните очни прегледи и навременото откривање на очните заболувања, со цел зачувување на добриот вид и подобар квалитет на живот.
