Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
По повод Светскиот ден за заштита на животната средина – 5 Јуни, в петок, 5 јуни, со почеток во 13 ч., Амфенол технолоџи Македонија ќе реализира екоакција во Кочани, на потегот од Железничката станица, зад пругата и дел од дворот на ООУ „Никола Карев“, до маркетот Кипер.
Целта на настанот е да влијае на подигнување на јавната свест за значењето на зачувувањето на животната средина и преку активности за чистење и уредување на јавни површини, да даде директен придонес во подобрување на јавната чистота.
Екоакцијата ќе се реализира со поддршка од Општина Кочани.
