Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Во организација на Прогресив Академија на Винчини, денеска во Виница се одржа лидерската конференција на тема „Развој на бизнисот преку развој на човечките ресурси“, настан кој собра менаџери, претприемачи, професионалци и претставници од бизнис секторот.
Конференцијата беше посветена на значењето на инвестицијата во човечкиот капитал како еден од клучните фактори за успешен и одржлив развој на компаниите.
Присутните имаа можност да слушнат предавања, искуства и практични примери од експерти од областа на лидерството, управувањето со човечки ресурси и организацискиот развој.
Радио Кочани на оваа тема зборуваше со директорката на Прогресив академијата, Александра Кирилова.
Покрај едукативниот дел, конференцијата овозможи и вмрежување меѓу учесниците, размена на искуства и создавање нови деловни контакти, со цел поттикнување на соработка и унапредување на бизнис заедницата во регионот.
