Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Учениците од ОМУ „Ристо Јуруков“ со успешен јавен час „Музичка среда“ во Мултикултурниот центар во Кочани
Во просториите на Мултикултурниот центар во Кочани се одржа јавниот час „Музичка среда“, во организација на учениците и наставниците од ОМУ „Ристо Јуруков“ Кочани.

Настанот понуди богата музичка програма исполнета со инструментални изведби, преку кои учениците го покажаа својот талент, креативност и музичка подготвеност стекната во текот на образовниот процес.
Публиката имаше можност да ужива во разновиден репертоар и настапи на млади музичари кои со голема посветеност и емоција се претставија пред присутните.
Од училиштето истакнаа дека ваквите јавни часови претставуваат значајна можност за учениците да стекнат сценско искуство, но и да ја промовираат музичката уметност и култура во локалната заедница.

Настанот помина во пријатна атмосфера и беше поздравен со аплаузи од присутната публика, која уште еднаш ја потврди поддршката за младите таленти од Кочани.

