Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Вечерва концерт на „Алембик“ во Виница
Еден од најуникатните музички состави на Балканот, бендот „Алембик“ вечерва настапува во Виница, во кино салата на ДК „Тошо Арсов“. Македонското алтернативно музичко дуо ќе го
промовира својот најнов албум „Без никого да удриш“, објавен во 2026 година.
Ова винилно издание претставува мешавина од алтернативен рок, џез, шугејз и експериментални музички форми, карактеристични за бендот.
Настанот, освен концертната промоција на албумот на „Алембик“, вклучува и проекција на документарен филм, како и
средба и разговор со членовите на бендот.
Концертот започнува во 20 часот.
