Радио Кочани
Кочани

„Работнички“ и „Тиквеш“ закажаа меч во чест на Андреј Лазаров

230

Македонскиот фудбал ќе му оддаде почит на трагично загинатиот Андреј Лазаров.

Една година по несреќата во Кочани, во која животот го загуби и поранешниот фудбалер на неколку домашни клубови, неговите поранешни екипи ќе одиграат натпревар во негова чест.

„Работнички“ и „Тиквеш“ официјално потврдија дека ќе одиграат пријателски дуел е закажан на 29. март во Кавадарци, со почеток од 13:00 часот.

Натпреварот ќе има симболично значење и ќе биде посветен на споменот на Лазаров, кој остави белег во македонскиот фудбал.

Лазаров во моментот на трагедијата беше дел од „Шкупи“, а низ кариерата настапуваше и за „Работнички“ и „Тиквеш“.

Неговите први фудбалски чекори беа во „Металург“, по што следуваше трансфер во „Работнички“, а подоцна и настапи за „Тиквеш“. Покрај настапите во Македонија, Лазаров имаше и интернационално искуство во Хрватска, каде ги носеше дресовите на „Рудеш“ и „Горица“.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio