Радио Кочани
Кочани

Започна пријавувањето штети по поплавите во општина Чешиново-Облешево

245

Општина Чешиново-Облешево ги известува сите жители погодени од последните поплави дека е започната постапката за пријавување на штети.

Граѓаните треба да ги достават пријавите до општината, со цел надлежната комисија да може навреме да излезе на терен и да изврши увид.

Од општината дополнително информираат дека за семејствата кои имаат потреба од итна помош — како вода за пиење и хигиенски средства — истата ќе биде обезбедена во најбрз можен рок.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio