Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Градоначалничката на Македонска Каменица осуди вандализам врз јавниот имот
Градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, преку Фејсбук информира дека во последните денови се забележани нови случаи на вандализам на територијата на општината. На терен е констатирано оштетување на урбаната опрема во Паркот на рударите и значителна штета на градскиот јавен тоалет кај автобуската станица, каде е уништена влезната врата и дел од внатрешниот инвентар.
-Овие чинови се недозволиви и нанесуваат штета која сите ја плаќаме. Апелираме до надлежните институции случаите да бидат расчистени, сторителите пронајдени и санкционирани согласно законот. Јавниот имот е заедничка одговорност и мораме да го чуваме, истакна Стаменкова.
Општината повикува граѓаните активно да пријавуваат вакви појави за зачувување на јавните површини и обезбедување сигурна и уредена средина за сите жители.
