Радио Кочани
Кочани

Алкохолизиран оризарец предизвикал сообраќајка и избегал од местото на настанот

1,195

На 30.11.2025 во 18:23 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода С.С.(42) од Оризари, кочанско. Претходно, околу 17:15 часот на магистралниот пат А3, во близина на крстосница „База Гранит“, тој со возило „фиат“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода со патничко возило „сузуки“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Ј.Г.(56) од Кочани, по што го напуштил местото. По преземени мерки, тој е пронајден во неговиот дом и по извршено алкотестирање констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,90 промили алкохол во крвта.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio