Радио Кочани
Кочани

Општина Зрновци со нова механизација за ефикасно летно и зимско одржување на патиштата

298

Општина Зрновци реализираше нов капитален проект со набавка на трактор и современа приклучна комунална механизација, со што значително ќе се унапреди одржувањето на локалната патна инфраструктура.

Новата опрема ќе овозможи поефикасно и навремено чистење на снег во зимски услови, одржување на зеленилото и патиштата во текот на летото, како и подобрување на хигиената и уреденоста на јавните површини.

Со овој проект се обезбедуваат побезбедни и проодни патни правци за сите жители и посетители на општината, што претставува значаен придонес кон подобрување на условите за живот и функционирање на жителите.

Средствата за реализација се обезбедени преку потпишан договор за финансирање помеѓу Министерството за локална самоуправа и Општина Зрновци, а набавката на опремата е спроведена во соработка со економскиот оператор „СИМПЕКС“ ДОО – Битола. Вкупната вредност на проектот изнесува 5.499.570 денари со вклучен ДДВ, а финансирањето е обезбедено преку програмата за „Намалување на регионални диспаритети и зголемување на конкурентноста“ за 2025 година.

Голема благодарност до министерот за локална самоуправа Златко Перински и Владата на Република Македонија, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, за континуираната поддршка во реализацијата на проектите кои придонесуваат за подобар живот на граѓаните, рече градоначалникот Борчо Коцев.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio