Радио Кочани
Кочани

Заврши јубилејниот педесетти „Мајски цвет“, се твореше за македонскиот јазик и неговата кодификација

142

Заврши 50. Јубилејно издание на Детскиот поетски фестивал „Мајски цвет“   чиј традиционален организатор е кочанската Библиотека „Искра“ заедно со Литературниот клуб „Копнеж“. Уествуваа триесетина ученици до деветто одделение од училишта во градови од источниот дел на Македонија, членови на литературни клубови во библиотеки, домови и центри за културата. Најуспешните пред публиката ги прочитаа своите песни.

Поезијата на учениците годинава беше мотивирана од друг јубилеј – навршување 80 години од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик.

  • Творбите на учесниците се напишани за македонскиот јазик и навистина се сретнавме со прекрасни песни од најмладите. Како институција тоа и ни беше целта, да се пишува за македонскиот јазик и за неговата кодификација, рече на затворањето на фестиалот, Кристина Ѓорѓиевска Атанасова, директор на Библиотеката „Искра“ од Кочани.

Дел од овој детскиот поетски фестивал беше и Ликовната работилница за декоративно цртање на Училиштето за цртање и сликање, кое е дел од ЦК „Бели мугри“.

Детскиот поетски фестивал „Мајски цвет“ е подржан од Мнистерството за култура и туризам како проект од национален интерс.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio