Радио Кочани
Кочани

Тројцата кандидати за градоначалник на Општина Чешиново-Облешево го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори

272

Тројцата кандидати за градоначалник на Општина Чешиново-Облешево вечерва во просториите на Општината потпишаа Кодекс за фер и демократски избори, согласно Изборниот закон и роковникот, изготвен од ДИК.

Зад двајцата кандидати Јорданчо Костадинов и Горанчо Крстев стојат партии, додека Сане Јованов го носи статутот независен кандидат подржан од група избирачи.

Со потпишувањето на овој Кодекс, потписниците се обврзаа дека ќе се придржуваат кон правилата и етички ќе го почитуваат изборниот процес.

Потпишувањето на Кодексот се реализира согласно член 8, став 1 од Изборниот закон.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio