Радио Кочани
Кочани

Завршен настан на проектот „Едукација за нутриционизам со виртуелна реалност“

568

Денес се одржа завршниот настан на Еразмус+ проектот „Едукација за нутриционизам со виртуелна реалност“, на кој беа презентирани проектните активности и постигнатите резултати. Најдобриот тим од СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани ја претстави својата работа и искуствата стекнати за време на проектот. Проектот се реализираше во партнерство со НВО „Локална акциона група“ од Кочани, како и со партнери од Франција, Италија и Бугарија. Со неговата имплементација се очекува позитивно влијание врз подигањето на јавната свест кај младите за здрави навики во исхраната, како и понатамошна примена на иновативниот софтвер во училиштата.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio