Радио Кочани
Кочани

Виница го пречека шампионот Лука Змејковски со достоинствена свеченост

503

Синоќа, Виница приреди топол и емотивен пречек за младиот кик-боксер Лука Змејковски, кој се врати од Европското првенство во Италија со освоен бронзен медал. Пречекот беше организиран како знак на благодарност и признание за врвните резултати што Лука континуирано ги постигнува на домашната и меѓународната спортска сцена.

Дел од организацијата за овој свечен настан беше: Надица Стојковска. Благодарност за поддршката и довербата од Општина Виница, Дом на култура “Тошо Арсов”- Директорката Александра Давиткова. И ОВР- Виница.


Член на клубот „Лидер“ и трениран од искусниот тренер Дарко Гоцевски, Лука Змејковски е еден од најперспективните млади спортисти во Македонија. Во последните неколку години, неговите настапи се редат со медали и признанија, што го вбројува меѓу најуспешните млади кик-боксери во земјата.

Низата на успеси вклучува:

🥈 Сребрен медал на Светското младинско кик-бокс првенство во Унгарија

🥇 Прво место и шампионска титула на меѓународниот турнир во Сараево

🏆 Прво место на Балканскиот кик-бокс куп

🥈 Второ место на Европското ВАКО првенство

🥉 Бронзен медал на Државното првенство


Дополнително, Лука беше избран за спортист на годината на Виница две години по ред – во 2023 и 2024 година, што претставува ретко признание за млад спортист од овој регион.

Со вакви млади спортисти како Лука Змејковски, Виница не само што се гордее, туку и го испраќа јасното порака дека спортот живее и се развива. Лука е вистински пример за тоа како се стигнува до врвот – со работа, дисциплина и страст.

Неговиот пат е инспирација за новите генерации и доказ дека успехот е достижен кога се верува во себе. Македонија добива шампион со светска перспектива – и ова е само почеток

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio