Радио Кочани
Кочани

Џејми Караматиќ е новиот генерален директор на Рудник САСА

1,286

Од 19 септември, Џејми Караматиќ официјално ја презеде функцијата генерален директор на рудникот за олово и цинк САСА од Македонска Каменица. Тој доаѓа на местото на Крис Колбурн, кој претходно оваа годинабеше унапреден во главен оперативен директорна групацијата Централ Азија Металс (CAML).

ЏејмиКараматиќ (JamieKaramatic) е искусен рударски инженер со повеќе од 20 години меѓународно работно искуство во подземни и површински рударски операции. Тој поседува значајна техничка експертиза и силен оперативен фокус, стекнати во текот на работата и извршувањето високи раководни функции во повеќе рударски проекти низ светот. На пример, во компанија во Саудиска Арабија раководел со техничките функции на шест рудници и постигнал значително подобрување на оперативните перформанси. Како технички директор во компанија во Австралија предводел тим од над 30 инженери, геолози и геодети кои управувале со три подземни рудници за бакар, а ја извршувал и функцијата главен оперативен директор на компанија која управува со неколку подземни рудници и постројки за преработка на руда, исто такаво Австралија.

Како генерален директор на Рудник САСА, Караматиќ ќе раководи и ќе биде одговорен за целокупното работење на САСА, обезбедувајќи ја на тој начин реализацијата на краткорочните и долгорочните стратешките цели кои се темелат на безбедно, ефикасно и одржливо производство. Меѓу другото, тој ќе биде одговорен и за надгледување на финалната реализација на капиталните  проекти и продолжувањето на транзицијата кон нови рударски методи, кои треба да обезбедат понатамошен развој и технолошки напредок на рудникот.

„Импресиониран сум од сè што досега го видов во САСА, почнувајќи од професионалноста, стручноста и посветеноста на тимот, до постигнатите резултати во областа на безбедноста, условите за работа и благосостојбата на вработените, како и севкупниот технолошки напредок и односот кон животната средина. Имам исклучително позитивен прв впечаток. Сметам дека САСА е во одлична позиција да продолжи со идниот одржлив развој и верувам дека со заедничка работа со тимот на САСА и поддршката што ја добиваме од Централ Азија Металс, ќе продолжиме и понатаму да ја унапредуваме нашата целокупна работа, на начин кој создава вредност за сите – за вработените, инвеститорите, деловните партнери, локалната заедница и националната економија“, изјави ЏејмиКараматиќ, по неговото назначување на функцијата.

Караматиќ добро го познава регионот, со оглед на неговите семејни корени кои потекнуваат од Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина. Пoкрај успешната професионална кариера, тој е пасиониран велосипедист на долги патеки, риболовец и посветен татко на двајца синови.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio