Радио Кочани
Кочани

Во Кочани се одржа панел-дискусија посветена на женската улога во инклузивните политики и мултиетничката соработка…

730

Во просториите на ГРЕЕН ХАБ-КО во Кочани се одржа панел-дискусија посветена на женската улога во инклузивните политики и мултиетничката соработка, во контекст на европските вредности и процесот на ЕУ интеграција. Настанот е дел од проектот:

„Женската перспектива за инклузивни политики и европски вредности“ што имаше за цел да ги отвори разговорите за тоа како жените можат да придонесат за изградба на општество каде сите се еднакви, без разлика на етничката припадност.

Жените од различни сектори – образование, локална самоуправа и граѓански организации – ги споделија своите искуства за предизвиците со кои се соочуваат, но и можностите што ги носи воведувањето инклузивни политики во заедницата. Посебно се нагласи важноста на женското лидерство во градењето доверба и соработка меѓу различните етнички групи.

Учесници од различни етнички заедници активно поставуваа прашања и учествуваа во разговорите за родовата еднаквост, образованието и вклученоста на младите жени во граѓанскиот сектор. Се истакна и улогата на жените како мостови кои ги поврзуваат заедниците.

Овој настан  го покажа потенцијалот на жените да бидат двигатели на промени, кои ќе го носат општеството напред во духот на европските вредности како еднаквост, недискриминација и социјална правда.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio