Радио Кочани
Кочани

Во полн ек е сезоната за подготовка на зимници во Кочанскиот регион

267

Во полн ек е сезоната за подготовка на зимници во Кочанскиот регион.

Денешниот пазарен ден донесе голема раздвиженост, а најголема гужва се создаде пред тезгите со ајварска пиперка — најбараниот производ овој период од годината.

За тоа какви се цените, какво беше овогодинешното производство и дали има доволно квалитетна пиперка, разговаравме со дел од продавачите на пазарот.

Од друга страна, граѓаните велат дека традиционално и оваа година најмногу ќе подготвуваат ајвар и пинџур.

Во продолжение, ги слушаме нивните размислувања и навики кога станува збор за зимниците.

Заклучокот од денешниот пазарен четврток е дека зимниците остануваат неизоставен дел од традицијата во Кочани.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio