Радио Кочани
Кочани

Обука за зајакнување на капацитетите на граѓанските организации во мултиетнички средини

333

Во рамки на проектот „Заедно кон Европа: Мултиетничка иницијатива за европска иднина за сите генерации“ во просториите на Здружение на Ромите Черења од Штип, се одржа еднодневна обука на тема „Мултиетничка соработка и инклузивни политики“.

На обуката учествуваа 15 претставници од граѓански организации од Штип и Кочани, претежно ромски и про-ромски здруженија, кои активно делуваат во областа на инклузија, застапување и граѓанска партиципација. Овој настан беше можност за продлабочување на нивните знаења и вештини, како и за размена на искуства во предизвиците и можностите поврзани со мултиетничката соработка.

Преку интерактивна и динамична агенда, учесниците:

• дискутираа за принципите и важноста на мултиетничката соработка во локалните заедници,

• се запознаа со инклузивни политики од национален и европски контекст, кои имаат за цел да овозможат еднакви можности за сите граѓани,

• учествуваа во групна анализа на локални предизвици и можности кои влијаат на мултиетничките односи,

• креираа конкретни иницијативи и предлози за унапредување на соработката и солидарноста меѓу различните заедници.

Оваа обука претставува значаен чекор во насока на јакнење на капацитетите на граѓанските организации и поттикнување на активна и ефективна мултиетничка соработка, што е од клучно значење за процесот на европска интеграција и создавање инклузивно и демократско општество.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio