Радио Кочани
Кочани

Започна учебната година и во ОМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани

150
Со свечен прием и приредба, денес започна учебната година и за учениците од ОМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани. Годинава во кочанското музичко училиште тргнаа 25 првачиња од кои 12 во деветгодишно и 13 ученици во шестгодишно образование.
Во присуство на наставниците, родителите и в.д. градоначалникот Венко Крстевски, првачињата се запознаа со наставниот кадар, а училиштето ги дочека со музички настапи од постарите ученици кои им го покажаа духот на училиштето.
В.д. градоначалникот на првачињата при музичкото училиште им посака успешен и среќен почеток на учебната година, охрабрувајќи ги да чекорат храбро во светот на музиката, да истражуваат и да учат. В.д. градоначалникот изрази поддршка и за наставниците и родителите како клучни партнери во образовниот процес.
ОМУ „Ристо Јуруков“ важи за училиште кое редовно освојува бројни награди на државни и меѓународни натпревари, претставувајќи ја општината со своите високи резултати.
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio