Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
На денот кога в.д. градоначалникот Венко Крстевски ја презеде функцијата, на 16 април 2025 година, Општината се соочуваше со финансиски товар од 40.927.040 денари.
Денес, на 1 септември 2025 година, обврските се намалени на 15.848.796 денари, што претставува значително олеснување за општинскиот буџет.
Овој резултат е постигнат преку внимателно планирање, рационално користење на средствата и одговорен пристап кон јавните финансии.
Во моментов Буџетот на Општина Кочани располага со 13.809.674 денари на својата сметка, што е јасен показател за финансиска стабилност и за капацитет навремено да се сервисираат тековните и идни обврски.
Изминатиот период ја потврди успешноста на транспарентното и функционално управување.
Посветеноста кон граѓаните и развојот на Општината се покажаа како клучни фактори за долгорочен и стабилен раст.
Со позитивните резултати од ваквиот пристап се подобруваат јавните услуги, се реализираат проекти и се создава цврста основа за уште поинтензивен развој во иднина во интерес на сите граѓани на општина Кочани.
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Претходна објава
Следна објава
Може ќе ви се допадне
