Радио Кочани
Кочани

Среќен почеток првачиња и успешна учебна 2025-2026 година

232

Информативната редакција на Радио Кочани  на сите првачиња и нивните семејства им посакува успешна учебна година.

Со добро здравје и голема посветеност кон учењето и работата, да ги остварат личните обврски и цели.

„Ги охрабруваме учениците со љубопитност да чекорат по патот на знаењето, кое е најмоќната алатка за успех што секој може да ја понесе со себе низ животот.

Да бидат истрајни во справувањето со предизвиците и на нив да гледаат како нови можности за лична надградба и просперитет.

До наставниците и сите вработени во училиштата изразуваме искрена благодарност и почит.

Тие се столбот на образованието и заедно со родителите/старателите треба да продолжат да им го трасираат патот кон успехот на новите генерации.

Неопходна е соработка и поддршка.

Со почит Радио Кочани

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio