Радио Кочани
Кочани

Лишен од слобода возач од Кочани затоа што управувал возило под дејство на алкохол

827

На 22.08.2025 во 21:10 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Е.Д.(47) од Кочани. При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле возило кое го управувал Е.Д. и по преземени мерки било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,59 промили алкохол во крвта.

Лицето било задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило“.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio