Радио Кочани
Кочани

„Облешево“ и „Соколарци“ ќе играат финале на ИСИ во Општина Чешиново-Облешево

836

Вчера и денеска се одиграа полуфиналните средби од фудбалскиот турнир во Чешиново во рамки на Илинденските спортски игри 2025.

Вчера силите ги одмерија „Тркање“ и „Облешево“, а резулатот беше 1:4 за „Облешево“со што момците станаа први финалист.

Денеска се одигра вториот полуфинален ден, а играа екипите на „Долни Подлог “ и „Соколарци “, при што резултатот беше 0:2 за екипата на „Соколарци“.

Финалисти на Турнирот во фудбал во рамките на 53. изднаие на Илинденските спортски игри се екипите на „Облешево“ и  „Соколарци“.

Финалето ќе се одржи в сабота, 2 август, со почеток од 17:30 часот на фудбалското игралиште „Даме Груев“ во Чешиново.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio