Радио Кочани
Кочани

Изградба на водовод на улицата „563“ во Кочани

354

В. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски го потпиша договорот со Министерството за животна средина и просторно планирање за реализација и на проектот Изградба на водовод на улицата „563“ во Кочани.

За изградба на водоводот на улицата „563“, Министерството, преку Програмата за инвестирање во животната средина, го додели побараниот износ од 2.453.810 денари, со вклучен ДДВ.

Улицата „563“ се наоѓа во Лесна Индустрија, а водоводниот крак што ќе се гради е со должина од 430 м.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio