Радио Кочани
Кочани

ХУМАН ГЕСТ ОД САШКА КУЗМАНОВА – ИЗМАМИ НАСМЕВКИ ОД СЕДУМ ДЕВОЈКИ

2,410

 

Сашка Кузманова од Кавадарци – голем хуманитарец, со огромно срце и душа, денеска со љубов донираше 7 перики од природна коса на 7 девојки од Кочани, кои настрадаа во пожарот на 16 март.

Потребни се три недели трпеливост и труд да се изработи една таква перика, а Сашка сите седум ги донираше денеска на девојките во фризерското студио „Фешн“.

Покрај овој хуман чин, Сашка Кузманова, сопственик на „Инфинити Лајф Кс“ – Кавадарци, изработува перики и за онколошките пациенти – лицата што боледуваат од чумата на 21 век, која за жал зема сѐ поголем замав.

„Едноставно нема зборови со кои би се опишала таа насмевка кога ќе се стави периката“ – рече за „Радио Кочани“ и додаде:

„Се надевам дека овие девојки сега ќе имаат поголема самодоверба, а нивната насмевка што нѐ исполнува, денес ја добивме. На сите повредени им посакувам побрзо оздравување. Јас секогаш ќе бидам рамо до рамо со сите оние на кои им е потребна мојата помош.“

Ова е уште еден пример и показател како треба да се функционира и како треба да се однесуваме сите ние кога на некого навистина му е потребна мала помош, која за некого многу значи и ќе измами голема насмевка.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio