Радио Кочани
Кочани

Тимот на „АлеДар Премиум“ е победник на 23. издание на Петровденскиот турнир во мал фудбал

1,916

Тимот на „АлеДар Премиум“ е победник на 23. издание на Петровденскиот турнир во мал фудбал, кој во финалниот натпревар со резултат од 7 : 3 ја совлада екипата на „Исток Турс Цуфле“.

Третото место, пак годинава го освоија фудбалерите на „Денка Транспорт“.

Наградите што ги обезбеди Локалната самоупрва на Кочани беа во изност од 60.000, 30.000 и 15.000 денари

За најдобар стрелец на турнирот беше прогласен Иса Дурмишов, за најдобар играч беше избран Димче Андонов,а Марјан Трпков е најдобриот голман.

Наградата за најдобар млад фудбалер, во чест на прерано починатиот сограѓанин Благоја Апостоловски-Баки, ја доби Славче Живков.

В.д градоначалникот додели и благодарници на организаторите на турнирот, Зоран Георгиев и Бела Симовски.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio