Радио Кочани
Кочани

Привршува изградбата на куполата на храмот „Преображение“ во Кочани – Потребна е поддршка за завршување на светиот дом

1,095

По молитвите на Светите апостоли Петар и Павле, и со Божја помош, завршува изградбата на куполата на храмот „Преображение“ во населбата Атомски Згради, Кочани.

Работите на храмот се одвиваат секојдневно, а за да се доврши целосно ова духовно светилиште, потребни се дополнителни финансиски средства за следните активности:

  • Изработка на фасада

  • Дворно уредување

  • Изградба на камбанарија и свеќарник

  • Продавница за свеќи

  • Крстилница

Црковниот и иницијативниот одбор ги повикува сите верници, добротворници и луѓе со добра волја да помогнат, согласно своите можности. Секоја донација – без оглед на формата или износот – е добредојдена и ќе биде вложена во изградбата на светиот храм.

Сметки за донации:

💳 Денарска сметка:
30005000202812 – Комерцијална банка
Примач: ВОСКРЕСЕНИЕ 2017 Кочани

💶 Девизна сметка:
IBAN: MK07300701004287658
SWIFT: KOBSMK2XK0B

Храмот „Преображение“ е духовен симбол и место на собир за верниците од целата околина. Да помогнеме со љубов и вера, за негово целосно завршување!

Со почит,
Црковниот и иницијативниот одбор

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio