Радио Кочани
Кочани

На теренот на СРЦ „Бавчалук“ вечерва се играат полуфиналните натпревари од Петровденскиот турнир во мал фудбал

275

Вечерва, 11 јули 2025 година, на теренот на СРЦ „Бавчалук“ ќе се играат полуфиналните натпревари од Петровденскиот турнир во мал фудбал.

Во 18:30 ч. ќе играат екипите на Аледар и Денка транспорт, а во 19:30 ч. – Еклектик и Исток турс Цуфле.

Финалето ќе се игра вечерта на 12 јули.

Наградниот фонд за најуспешната екипа на турнирот изнесува 60.000 денари, второпласираната екипа ќе добие 30.000 денари, а третопласираната 15.000 денари. Ќе бидат прогласени и најдобрите играч, стрелец и голман.

На 23. Петровденски турнир во мал фудбал учествуваат рекордни 16 екипи.

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio