Радио Кочани
Кочани

Повозрасните Кочанчани советуваат: За брак најдобро по 25-та година

3,609

Кога е најидеалното време за стапување во брак?

За да добиеме одговор на ова прашање, направивме анкета со повозрасните жители на Кочани кои имаат децении животно искуство зад себе, а многумина и долгогодишен брак.

Граѓаните со кои разговаравме се присетија на времето кога тие се венчале – повеќето од нив стапиле во брак меѓу 20 и 25 години, што тогаш било сосема вообичаено.

Но, кога ги прашавме која возраст денес би ја сметале за најсоодветна, одговорите беа поинакви.

Според мнозинството анкетирани, за мажите најсоодветна возраст за стапување во брак е околу 30 години, додека за жените околу 25 години.

Како главни причини ги наведуваат зрелоста, животната стабилност и завршувањето на образованието или градењето на кариера.

Овој став е во согласност и со статистиката: според податоците од Државниот завод за статистика, просечната возраст при прв брак во Македонија е околу 30 години за мажите и 27 години за жените.

Ова се дел од ставовите на повозрасните граѓани на Кочани, кои низ сопственото искуство испраќаат порака до младите – дека бракот не е трка со време, туку одлука што бара зрелост, разбирање и стабилност.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio